Symposien /Симпозиуми
1. Symposium: POETIK, STILISTIK UND LINGUISTIK DER TEXTE VON BLAŽE KONESKI IM „GRALIS-KORPUS“ █ 1. Симпозиум: ПОЕТИКАТА, СТИЛИСТИКАТА И ЛИНГВИСТИКАТА НА ТЕКСТОВИТЕ ОД БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВО КОРПУСОТ „ГРАЛИС“
Graz /Грац: 30.–31. 3. 2012.
Бранко Тошовиќ |
Почитувани колешки и колеги, Во нашата завршна реч би сакам да истакнам пет елементи: |
1. Корпус До одржувањето на Симпозиумот, творештвото на Конески не е целосно внесено во корпсуот „Гралис-мак“, но се надеваме дека за повеќето од вас тоа беше доволна (иако нецелосна) емпириска основа за рефератите. До 15 април ќе ги вметнеме во корпсуот електронски обработените текстви, кои се уште не се поставени на серверот. Така ќе можете да го збогатите множеството примери во дефинитивните верзии на рефератите. Имаме намера до 15 април да внесеме колку што можеме повеќе од преостанатите текстови на Блаже Конески, а по истекот на тој датум нема ништо да менуваме за да добиете фиксна статистика. До тој рок ќе ги поправиме позначајните слабости, грешки итн. во корпусот. Посебно ќе ги отстраниме сите прашалници што непотребно се јавуваат при пребарувањето и што се резултат само на некомпатибилноста меѓу word-кодот и серверскиот код. Доколку имате согледавања за правописни отстапувања различни од горенаведените, ве молам да ме известите, наведувајќи ги конретните примери. |
2. Зборник Првата работа што мораме да ја завршиме во уште во април, е подготовката на текстовите за изработка на рефератите од Првиот симпозиум во Грац. Имаме намера да го презентираме Зборникот од овој Симпозиум на Научната конференција во Охрид, која ќе се одржи кон крајот на јуни 2012 година. Упатствата за изготвување на пишуваната верзија на рефератите е содржамна во „Гралис“. Во врска со тоа, ги молам сите учесници, вклучувајќи и тиа што беа спречени да допатуваат, до 30 април 2012 година да го внесат во својата „Гралис“-пријава текстот за печатење во Зборкиот од симпозимот. Сите референти треба да се придржуваат до упатствата за изработка на реферати (текстот мора 100%-но да одговара на упатствата). Во случај и на намало отстапување од пропозициите, ќе бидеме принудени да ви го вратиме на доработка. Ако и втората верзија не е правилна, за жал, нема да го објавиме рефератот. |
3. Договор Како што ве известивме, колегата Кранфиловски и јас со задоволство ја прифативме иницијативата на колешката Лаброска за вклучување на Институтот „Крсте Мисирков“ во проектот. Би сакал да ве информирам дека со Институтот за македонски јазик на 31 март 2012 го потпишавме Договорот за воспоставување соработка на австриско-македонскиот научноистражувачки проект „Монолингвален и мултилингвален електронски корпус на македонскиот јазик“ за периодот до 2015 година. Тоа значи дека отсега натаму Институтот за славистика во Грац, Филолошкиот факултет и Институтот за македонски јазик заеднички ќе ги реализираат сите активности за подготовка на корпсуот „Гралис-мак“, симпозиумот и публикацијата. Можно е да ни се придружи и Институтот за македонска книжевност. |
4. Симпозиум За 2. симпозиум од овој циклус, кој ќе се одржи во Скопје во 2013, го предлагаме насловот „Језичната, стилската и поетската парадигма во текстовите на Блаже Конески во „Гралис-мак“. Се надеваме дека наскоро ќе може да се говори за традиционален симпозиум во рамките на „Гралис“. |
5. Фотографии Фотографиите од симпозиумот во Грац (30–31 март 2012) ќе ги поставиме на порталот „Гралис“. Така, сите фотографии ќе им бидат достапни на сите учесници во секое време. Заедно со Зборникот, тие ја комплетираат сликата за Симпозиумот во Грац. |
Заедно минавме ден и пол, исполнети со долг работен и пократок неформален дел. Се надевам дека ќе понесете убави впечатоци од Грац. На крајот, ви благодарам за учеството на Симпозиумот, ви пожелувам среќен пат и довидување во Скопје. |