Symposien /Симпозиуми
1. Symposium: POETIK, STILISTIK UND LINGUISTIK DER TEXTE VON BLAŽE KONESKI IM „GRALIS-KORPUS“ █ 1. Симпозиум: ПОЕТИКАТА, СТИЛИСТИКАТА И ЛИНГВИСТИКАТА НА ТЕКСТОВИТЕ ОД БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВО КОРПУСОТ „ГРАЛИС“
Graz /Грац: 30.–31. 3. 2012.
Бранко Тошовиќ |
Почитуван продекане Еберхарт! Почитувана госпоѓо Конеска! Почитувана директорке на Институтот, колешке Хансен-Кокоруш! Ценети гости! Драги колешки! Драги колеги! |
Дозволете ми да го отворам првиот меѓународен симпозиум ПОЕТИКАТА, СТИЛИСТИКАТА И ЛИНГВИСТИКАТА НА ТЕКСТОВИТЕ ОД БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВО КОРПУСОТ „ГРАЛИС“ POETIK, STILISTIK UND LINGUISTIK DER TEXTE VON BLAŽE KONESKI IM „GRALIS-KORPUS“ во рамките на научниот проект „Моно- и мултилингвален електронски корпус на македонскиот јазик“, „Mono- und multilinguales elektronisches Korpus der mazedonischen Sprache“, кој се реализира во соработка меѓу Институтот за славистика при Универзитетот во Грац и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, врз основа на Договор за австриско-македонско научно-истражувачки проект „Моно-и мултилингвален електронски корпус на македонскиот јазик“. Документот беше потпишан на 18 декември 2008 година во Скопје за периодот до 2012. Минатата година во Охрид, договорот беше продолжен за следните пет години. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје исто така изразува желба да се вклучи во проектот. Вредноста на овој проект, колку што ние познато, се состои пред сè во тоа што е ова првиот монолингвален и мултилингвален корпус на македонскиот јазик и што врз основа на него може комплексно да се истражува македонскиот јазик. |
I Македонскиот корпус „Гралис“ претставува информациски и аналитички комплекс за собирање, обработка и евалуација на пишувани и на говорени текстови, како и на визуелни информации на македонски јазик за негово систематско истражување, меѓу другото, и во споредба со сите словенски јазици и со германскиот јазик. „Гралис-мак“ се подготвува во соработка меѓу Институтот за славистика во Грац, Центарот за моделирање на информации при Универзитетот во Грац и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Мошне е важно да се истакне дека во контакт со Македонската авторска агенција во Скопје и со правната наследничка на Блаже Конески – госпоѓа Елеонора Конеска – се решени прашањата во врска со почитувањето на авторските права. Затоа, особено ми е драго што денеска со нас е ќерката на академик Конески, која со задоволство ја прифати нашата покана да биде гостинка на овој собир. Целта на симпозиумот е врз основа на материјалите од „Моно- и мултилингвалниот електронски корпус на македонскит јазик ,Гралис’ (,Гралис-мак’)“ да се разгледаат книжевните, стилските и лингвистичките аспекти на опусот на Блаже Конески во три контексти: македонскиот, македонско-словенскиот и македонско-германскиот. |
II Блаже Конески (1921–1993) е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и виден книжевен, културен и јавен работник: поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог, лингвист, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Минатата година се одбележа неговиот јубилеј – 90 години од раѓањето. Со овој проект и со овој симпозиум, најголемиот македонски филолог ги добива следниве признанија: 1. засега единствениот електронски корпус, а македонистиката – воопшто првиот моно- и мултилингвален корпус на еден литерат, 2. web-страницата со сите основни биографски и библиографски податоци и со целиот корпусен, аудитивен и визуелен материјал (од оваа страница во текот на симпозиумот ќе пуштаме и македонска музика, која веќе ја користиме во наставата). 3. можноста да стане Блаже Конески уште попризнат и попознат во светот, посебно на словенскиот и на германскиот јазичен простор, 4. страницата за популаризирање на македонскиот јазик, македонската книжевност и култура. Овој проект, корпус и симпозиум отвораат перспективи за натамошно јакнење на позицијата на македонскиот јазик и на македонската книжевност и култура. Тие создаваат и значајни претпоставки за тоа, ако е можно, овој јазик да си го добие соодветното место во Австрија, посебно на Универзитетот во Грац, кој веќе низа година ја има Источна Европа како едно од своите тежишта. Со воведувањето на македонскиот јазик во наставата на нашиот Институт, ние би ги комплетирале јужнословенските јазици, од кои српскиот, хрватскиот, бошњачкиот и словенечкиот сега се студиски јазици, а бугарскиот повремено се изучува на ниво на курсеви. Сметам дека би било добро да се обидеме уште следната година да го организираме првиот таков курс (во траење од еден семестар, два-три месеца или две-три недели). Со оглед на тоа што планот за следната година ќе се финализира во текот на април, би било добро уште сега да размислиме што е најреално да се стори. Значи, од наша страна постои заинтересираност, но без поддршка на македонската страна ќе биде многу тешко да се оствари ова во време на економска криза и рестрикција на сите новоа на наставата. Ова прашање го покренав на седницата на Наставниот совет на Институтот за славистика, одржана на 27 март 2012 година, за што ги информирав сите учесници на овој собир. |
III А сега нешто за самиот симпозиум. Денеска со нас се 21 учесник од пет земји (Австрија, Хрватска, Македонија, Полска и Србија) и од пет градови ( Белград, Грац, Загреб, Скопје и Вроцлав). Излагањата (вкупно 18) опфаќаат три основни теми: 1. корпусот на Блаже Конески во „Гралис-мак“, 2. книжевното творештво на Блаже Конески, 3. јазикот и стилот на Блаже Конески, 4. преведувањето на неговите текстови на германски јазик. |
IV Во оваа пригода би сакал да му изразам благодарност на Сервисот за менаџмент и истражување, како и на Бирото за меѓународна соработка на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац, кои финасиски ја поддржаа подготовката и организацијата на симпозиумот. Им се заблагодарувам за поддршката на координаторите на овој симпозиум и собир, пред сè на колешката Емилија Бојковска, но и на колегата Димитар Попоски и на колегата Арно Вониш, кој токму пред четири дена докторира. Во текот на овој симпозиум, ќе ни помагаат уште две колешки: Вања Прстојевиќ, студентка од Нови Сад на „привремени студии“ во Грац, и 2. Сандра Фориќ од докторските студии по славистика. |
V
Сега го молам продеканот, професор Хелмут Еберхарт, да им се обрати на учесниците на симпозиумот. *** Ја молам ќерката на академик Блаже Конески, госпоѓа Елеонора Конеска, да каже неколку пригодни збора, особено за својот татко. *** Ја молам директорката на Институтот за славистика, колешката Ренате Хансен-Кокоруш да го поздрави соброт. *** А сега му даваме збор на деканоот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, проф. Максим Каранфиловски, и директорката на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. Веселинка Лабоска, који се коорганизатори на овој симпозиум, во тоа својство да им се обратат на учесниците. |